Свекрвата не ве сака или само мислите така: Има начин да проверите

Добивај вести на Viber

Врската помеѓу свекрвата и снаата честопати може да биде извор на расправии, како семејни, така и брачни. Додека има снаи кои одлично се согласуваат со мајката на нивниот сопруг, многу млади жени немаат толку идилична врска.

Многу жени немаат идилична врска со свекрвата, односот снаа-свекрва може да биде многу сложен

Свекрвите често имаат големи очекувања од своите снаи затоа што „никој не е доволно добар за нејзиниот син“. И тешко е да се живее со тоа. Исто како и со бројни критики и мешања во животот (на кои снаите најчесто им замеруваат). Од воспитување на дете до ‘дарежлив’ совет (ох душо, ти си страшно слаба, не јади ги само тие семиња). Ако ви се чини дека можеби го замислувате сето ова, ние ви донесуваме некои од (очигледните) знаци кои ќе откријат дека навистина не сте на нејзината листа на омилени луѓе, пишува The List.

Го имате тоа чудно чувство

Ја знаете таа чудна енергија и напнатост во воздухот што можете да ги исечете со нож кога сте во близина на личност која не ве поднесува. Можете да го почувствувате тоа врз основа на тоа колку (не) ви е пријатно покрај таа личност. Да, вие едноставно знаете дека нешто не е во ред. Иако не е лесно да се „докаже“ тоа, особено во односите во семејството, но верувајте во себеси. Интуицијата е навистина многу моќна алатка што сите ја имаме, само треба да знаеме како и кога да ја слушаме. Веројатно го знаете тоа чувство кога некој ве толерира, наместо да ве прифаќа. Ако го почувствувате тоа во присуство на свекрвата, тогаш сте во право. Вие не сте толку драги за неа.

Ви зборува за поранешните девојки на вашиот партнер

Навистина е тешко да ја слушате свекрвата како зборува за жената која „за малку“ ќе се омажела со вашиот партнер и како таа станала омилена на целото семејство. Иако можеби тоа го правите несвесно, сепак (сигурно) се чувствувате лошо. Доколку се случи ова, не заборавајте да му дадете до знаење на вашиот партнер што се случува, и кажете ѝ на свекрвата јасно и гласно дека ви пречи.

Таа е премногу критична

Некои луѓе едноставно се склони да критикуваат други. Ако вашата свекрва секогаш има коментар за вашиот изглед, однесување или кои било други работи што се важни за вас, тоа може да биде црвено знаме дека таа не се грижи за вашите чувства. Прво разговарајте со вашиот партнер затоа што вие двајца сте тим. Не дозволувајте да се извлече со реченици како „тоа е само помеѓу вас две“. Тој не мора секогаш да се согласува со вас, но мора барем понекогаш да застане покрај вас.

Таа ве игнорира

Тишината е најлошата казна. Може да се случи таа да не ве вклучи во разговор, ‘случајно’, но да заборави да ве повика на семејни собири или да ви честита за важни настани, можеби не е толку случајно. Пасивното агресивно однесување не е лесно да се толерира. Верувајте во вашата интуиција. Ништо нема да се промени се додека не го откриете тоа јавно за да се обидете да изградите подобри односи со неа пред да се откажете уште на самиот почеток.

Воопшто не ѝ е грижа што се случува во вашиот живот

Поставувањето прашања и интересирањето (умерено) за туѓ живот е прилично лесно, бидејќи на тој начин ѝ даваме на другата личност до знаење дека се грижиме. Ако вашата свекрва не го стори тоа, можеби тоа е знак дека не сте толку блиски до нејзиното срце. Имајте на ум дека таа може да биде љубоморна на вашите достигнувања (или дури и на врската што ја имате со нејзиниот син). Но, тоа е нејзин проблем на кој треба да работи.

Ве држи на безбедно растојание

Ако таа одеднаш замолчи кога ќе се појавите близу неа или престане да ви кажува за работите што се случуваат во нејзиниот живот, тоа може да биде јасен знак дека таа навистина не ве сака.

Нејзините извинувања не се искрени

Ако вие и вашата свекрва се расправате, а потоа од тоа следи извинување, што звучи нешто како ‘извинете ако мислите дека ве навредив со тоа’, тоа значи дека таа навистина не се извинува. Таа ве обвинува за недоразбирањето што се појавило и на тој начин воопшто не ја превзема вината врз себе. Искрено извинување е кога „напаѓачот“ ја презема одговорноста за навредата со цел да го изедначи недоразбирањето. 'Лажно' извинување може да биде знак дека вашите чувства воопшто не ѝ се важни.

Нормално е да бидете вознемирени и разочарани ако чувствувате дека свекрвата навистина не ве сака. Можете да ја добиете таа игра само ако вложите малку повеќе напор во вашата врска и се обидете да најдете заеднички јазик. Ако не успеете во тоа, едноставно помирете се дека пријателскиот однос помеѓу вас и вашата свекрва едноставно е осуден на пропаст.

извор:glossy.espreso.rs

фото:SHUTTERSTOCK