Таа ги има сите пари на светот, а е скромна: Еве како најбогатата наследничка на Зара летува во Европа

Добивај вести на Viber

Не ѝ е гајле што мислат другите, само сака да ужива.

Марта Ортега, наследничка на модната империја Зара и една од најбогатите жени во светот, беше видена во Монако како поминува време на јахта со својата ќерка.

Иако има огромно богатство, таа е позната по својата скромност и едноставен начин на живот - не става акцент на луксуз, не се стреми кон екстраваганција и ретко споделува детали од приватниот живот на социјалните мрежи.

Ќерката на основачот на групацијата Индитекс, Амансијo Ортега, го презеде управувањето со компанијата од својот татко, одржувајќи ја неговата визија, но и воведувајќи модерен пристап.


Семејството Ортега, и покрај глобалното модно влијание, ја негува приватноста, семејните вредности и умереноста, а Марта успешно го комбинира деловниот успех со посветеност на семејството и секојдневните, едноставни радости.