Теа Таировиќ е ослободена, откриено е што се случило на аеродромот во Германија: Пред две недели се случи пропуст

Добивај вести на Viber

Пејачката Теа Таировиќ, која е уапсена на аеродромот во Хамбург, е ослободена по неколку часа испитување. Ова го потврди нејзиниот менаџер Никола Бојовиќ Бриџис.

„Точно е , ја пуштија. Како што кажав, ги помина трите дена во Шенген зоната, па поради тоа ја задржаа. Пасошот ѝ е преполн бидејќи многу патува и работи, и затоа постапката траеше подолго. Пред две недели се случи пропуст, кога ѝ истекоа тие 90 дена. Се слушнавме, таа е добро и сега сѐ е во ред“ - кажа нејзиниот менаџер.

За потсетување, Теа Таировиќ беше приведена рано утрово на аеродромот во Хамбург со колегите музичари. Кога беше приведена, како што раскажале очевидци за српските медиуми, таа била многу уплашена и вознемирена. Како што пренесоа медиумите, наводно кај неа била најдела поголема сума на пари, наводно станувало збор за 70.000 евра, а нејзиниот менаџер кажа дека станува збор за финансиско прекршување.

фото: Принтскрин / Инстаграм