Животна училница // Холивудска прашина
„Тело за 10ка и поглед за милиони“: Данијела Димитровска се разголе на Крф

Манекенката и модна икона Данијела Димитровска ужива во магично лето на грчкиот остров Крф, каде со својот свршеник се релаксира во раскошниот Domes Miramare, дел од ексклузивниот ланец The Luxury Collection.
Фотографиите кои таа ги сподели на социјалните мрежи откриваат совршен баланс помеѓу стил и интимност – розовото бикини, елегантниот шешир и префинетиот часовник се доказ дека Данијела и во одмор знае како да постави тренд.
Срдечна, природна, но и самоуверена – токму онаква каква што ја сака публиката, таа ја пренесува летната романса со својот партнер низ објектив полн љубов и спокој.
„Само ние двајца во рајот“ - напиша таа во описот на фотографиите.