Тренд или вистинска промена: Менструалните гаќички под лупа !

Добивај вести на Viber

Последниве неколку години менструалните гаќички се појавија како нови сојузнички на жените – нежни, практични и еколошки свесни. Како да донесоа малку магија во секојдневието, нудејќи менструална слобода и удобност што досега ја баравте на други места. За едни тие се вистинска револуција во менструалната хигиена, за други – само краток тренд што брзо ќе згасне. Дали навистина се работи за револуција во интимната нега или пак за уште еден минлив тренд кој наскоро ќе згасне?

Што се менструални гаќички и како се користат?

На изглед како обична долна облека, но во суштина технолошки паметно дизајнирани, овие гаќички имаат повеќеслојна апсорбирачка ткаенина која задржува течности без непријатни мириси и истекувања. Дизајнирани се да ја заменат или надополнат употребата на влошки и тампони. Гаќичките имаат голема моќ на впивање, може да се перат  и може да се носат во текот на менструацијата или како дополнителна заштита за влошките или тампоните.



Вашата Bestie веќе ги испроба и со полна сигурност вели: се носат лесно и удобно, како класична долна облека. По употреба, едноставно се перат – рачно или во машина (според упатството) – и повторно се користат. Токму тоа ги прави вистински еколошки–значително го намалуваат отпадот што го создаваат производите за еднократкна употреба.  

А ако сакате уште една практична и одржлива алтернатива, во вашата dm дрогерија ќе ги најдете и Јеssa повеќекратните влошки. Тие се составени од три внимателно осмислени слоја: внатрешниот овозможува дишење и свежина, средниот ја гарантира апсорпцијата, а надворешниот – изработен од органски памук – е мек, нежен кон кожата и дава чувство на удобност во текот на целиот ден. Лесни за перење и едноставни за одржување, овие влошки се практично решение што истовремено е и пријателски настроено кон природата.

Тренд или промена?

Менструалните гаќички можеби започнаа како модерен тренд, но сè повеќе жени кои ги пробале велат дека не се враќаат на старите навики. Прашањето не е дали ќе исчезнат, туку колку брзо ќе станат дел од секојдневната менструална рутина. Но факт е едно: тие внесуваат новост и свежина во менструалните навики. Затоа, најдобро е сама да пробате и да одлучите дали овој производ е вистинската промена за вас – или пак само уште еден тренд што ќе го прескокнете.


*Пр објава