УНИБанка подготви изненадувања и им посака среќен почеток на првачињата!

Добивај вести на Viber

И оваа година, со особена радост, УНИБанка ја поздрави новата генерација првачиња, децата на своите вработени, кои започнаа едно ново и возбудливо поглавје во светот на знаењето.

Веруваме дека во секое дете се крие талент и сон кој заслужува да биде поттикнат и поддржан. 

Затоа УНИБанка организираше настан за првачињата на своите вработени, исполнет со многу насмевки, креативност и дружба.


Оваа година, настанот беше збогатен со присуството на две гостинки: Ирина Тошева, модна дизајнерка препознатлива по својата посветеност кон одржливоста и Дуња Иванова, концертен пијанист, доктор на науки, наставник, автор, државен првак во велосипедизам. Преку своите приказни тие им покажаа на децата дека вреди да веруваат во сопствените соништа и дека секој талент може да биде пат кон успехот.

На работилницата, првачињата одговараа на едноставни, но многу симпатични прашања, како ја гледаат Банката, што сакаат да бидат кога ќе пораснат, дали спортуваат и какви се нивните навики. Одговорите предизвикаа многу насмевки и можете да ги погледнете на следниот линк

За родителите, пак, УНИБанка обезбеди слободен ден, за да можат да бидат покрај своите деца во овој значаен момент и да создадат заеднички семејни спомени.

УНИБанка континуирано се грижи за благосостојбата на своите вработени и за подобар баланс меѓу работата и приватниот живот. Освен овој слободен ден, Банката нуди и други бенефиции како, слободен ден за роденден, слободен ден за загуба на домашно милениче како и Surprise day, односно дополнителен слободен ден како награда за исклучителен придонес и резултати.

Со вакви иницијативи, Банката уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон семејните вредности, грижата за своите вработени и поддршката кон нивните семејства.

УНИБанка им посакува среќен и успешен почеток на сите првачиња во нивните нови училишни авантури.

ПР објава