(ВИДЕО) Голема тага во хрватско семејство: Земјотресот во март им го уништи станот, вчерашниот им ја оштети куќата

Добивај вести на Viber

Земјотресите во Хрватска не стивнуваат.

На семејството Вертл од Хрватска, земјотресот во март им го уништи станот во Загреб, а вчерашниот земјотрес им ја оштети и куќата кај Сисак. 

Тие беа во куќата во Глина, кај Сисак, при што потресот кој се случи вчера во тој дел на Хрватска им ја уништи и куќата. 

Оваа година имаше повеќе земјотреси во Хрватска кои го вознемирија населението.
Деновиве повторно се тресе тлото таму,а денес беше регистриран нов силен земјотрес во Хрватска.