(ВИДЕО) Земјотрес во Хрватска: Снимен моментот од потресот во Сисак

Добивај вести на Viber

Рано утрово во 06 часот и 28 минути, силен земјотерес ја погоди Петриња, Хрватска.

Земјотресот кој бил со јачина 5.1 степен по рихтер се почувствувал во Сисак, Загреб и околината, но и пошироко.

Земјотресите што ја погодија Хрватска утрово предизвикаа значителна материјална штета.


Првиот земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала, според извештајот на хрватската сеизмолошка служба, се случил во 6,28 часот, а епицентарот бил на 5 километри југозападно од Петриња.


Во 7:49 се случи нов земјотрес со јачина од 4,7 степени, а две минути подоцна земјотрес со јачина од 4,1 степени.

Тули буквално паѓале од зградите, а голем број граѓани истрчале по улиците по првиот земјотрес во страв од нови удари.


Сè уште не е познато точно колкава штета е направена, но фотографиите и видеата споделени на социјалните мрежи сугерираат дека е значителна.


Видео и Фото: Твитер