Вие најдобро знаете колку непроспиени ноќи сте имале: Венко Филипче со благодарност до здравствените работници

Добивај вести на Viber

Венко Филипче им оддаде посебно внимание и почит на здравствените работници преку Фејсбук статус, во кој уште еднаш порача да бидеме одговорни, да ги почитуваме мерките и да им олесниме на здравствените работници кои ќе бидат дежурни и за време на празниците и покрај десетмесечната борба со вирусот.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Оваа 2020 беше тешка година за сите нас, но вие, нашите херои - здравствени работници заслужувате посебно внимание и почит. 10 месеци борба за спас на сечиј човечки живот. 10 месеци без одмор, во континуиран стрес грижејќи се за нашите и ваши семејства, пријатели, колеги. Вие најдобро знаете колку непроспиени ноќи сте имале, на колку пациенти им била потребна здравствена заштита, но и на колку повици за совет сте помогнале. Апелирам овие празници да ги поминеме во кругот на најблиските, без групирање и со почитување на мерките. Со ова, ќе им помогнеме и на медицинските лица празниците да не ги поминат со зголемен интензитет на работа, туку колку што можат повеќе да одморат. Дел од нив ќе бидат дежурни и за време на празниците, Ве молам да им олесниме. Мои колеги и наши херои - Ви благодариме за целиот ваш хуман труд и професионалност! Ви благодариме што издржавте и покрај тоа што сте уморни. Вие сте нашата гордост и сила! ✊#ПразнувајОдговорно