Во црно од глава до пети: Ана Стојанова издоминира во мартинс

Добивај вести на Viber

Актерката Ана Стојанова во чизми мартинс издоминира на златната гала премиера на „Пред дождот“, по повод 30 години од премиерата.

Облечена во црно од глава до пети и со ниски чизми ги собра сите погледи на присутните и фотографите.

Секогаш уникатна и своја. Актерката носеше црна полуролка на кратки ракави од светлуцав материјал, панталони со широки ногавици кои се тренд број 1 од истиот материјал и познатите безвременски мартинс чизми.

Изглед кој ретко го гледаме на вакви настани, а сепак Ана го извади максимумот од него и покрај ниските потпетици таа изгледа софистицирано и на висина на задачата.


Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot