Во домот на поранешната српска снаа ечи песна од Брена: Адријана Лима ужива на Божиќ
Адријана Лима, светската манекенка и поранешна жена на Марко Јариќ ги воодушеви обожавателите од Србија со видеото кое се појави на социјалните мрежи.
Имено, покажа колку ужива за време на празниците во својот украсен дом, а во позадина се слуша песна од најпознатата балканска ѕвезда Лепа Брена. Она што им е на сите познато е дека Лима ја обожува Србија, а многумина и понатаму ја нарекуваат „српска снаа“, иако разведе од кошаркарот.
„Југословенка“ ечеше во домот на менекенката, а нејзините следбеници не престанаа да коментираат. Покрај воодушевувањето за песната, тие ја искоментираа и преубавата празнична атмосфера во нејзиниот дом.
Dobro jutro samo Adriani Limi koja slusa Brenu pic.twitter.com/mRfkJAWdY3
— Stih iz Cecine pjesme (@punoljetan) December 25, 2020
За потсетување, Адријана и Марко се разведоа во 2017 година, но поради децата останаа во многу добри односи, па редовно се појавуваат на јавни мести заедно.