Животна училница // Приказни
Водителот Ненад Ѓоргиевски со велосипед по силното невреме вчера: Кога не слушаш синоптичари... (ВИДЕО)

Силното невреме кое вчера попладне го погоди Скопје, направи штета на повеќе места низ главниот град.
Водителот Ненад Ѓоргиевски пак сподели дека на поројниот дожд до дома си одел со велосипед и ќеса на главата. На краткото видео, во описот додаде: „Кога не слушаш синоптичари...“.
Водителот секое утро ги биди гледачите на „Телма“, како дел од старо-новата постава на Утринската програма. Како татко на близнаци, навикнат е да станува многу рано и вели дека е особено горд родител што за Љупка и за Иво се грижат самите, тој и сопругата без никаква помош. Тој минатата година за Женски магазин ја откри и својата друга, домаќинска страна во која ужива во викендичката крај река, каде што откако почна пандемијата живеел со семејството.