Xiaomi го претставува Redmi 15C: Елегантен дизајн, импресивен екран и моќност за секојдневно темпо

Xiaomi го претставува Redmi 15C кој ги спојува елегантниот дизајн и прекрасниот екран од 6,9 инча за врвно визуелно доживување во секојдневната употреба. Опремен со голема батерија и технологија за брзо полнење¹, Redmi 15C е дизајниран да обезбеди сигурни перформанси во текот на целиот ден.
Поседува тенко и елегантно куќиштe² со 3D четирикратно закривен заден дел, што обезбедува пријатно чувство во раката, со „floating crater“ кој додава софистицираност. Достапен е во три бои —Midnight Black, Mint Green, Moonlight Blue. Боите Moonlight Blue инспирирани се од плимата и осеката и сончевата светлина во различни периоди од денот, со нежен премин на бои кој е постигнат со техниката на двобојно магнетно мастило.
На предната страна се наоѓа 6,9-инчен HD+ eкрансо AdaptiveSync oсвежување до 120Hz⁴ што овозможува одлично корисничко визуелно искуство, додека AI двојната камера од 50MP снима остри и детални фотографии во сите услови на осветлување. Redmi 15C, и покрај својот тенок дизајн², доаѓа со моќна батерија од 6000mAh⁵ која обезбедува до 22 часа гледање видео содржина или 82 часа уживање во музика⁶. Благодарение на турбо полнењето од 33W¹, батеријата се полни до 50% само за 31 минута⁶, додека функцијата на обратна енергија⁷ овозможува Redmi 15C да послужи и како извор за напојување за други уреди, обезбедувајќи дополнителна практичност.
Oпремен со MediaTek Helio G81-Ultra процесор и до 16GB RAM⁸ преку функцијата Memory Extension, со поддршка за проширување на меморијата до 1TB⁹, Redmi 15C обезбедува брзо и непречено искуство на користење во апликации, игри и мултитаскинг. Redmi 15C го покренуваXiaomi HyperOS 2¹º, нудејќи функции како Circle to Search со Google¹¹ и интеграција со Google Gemini¹² за напреденмултитаскинг и интелигентна асистенција. Благодарение на Xiaomi Interconnectivity технологијата, вклучувајќи Call Sync и Shared Clipboard¹³, префрлањето на содржини или синхронизацијата на податоци помеѓу повеќе уреди е исклучително лесно и едноставно.
Уредот поседува IP64 сертификат¹⁴ за отпорност на прашина и прскање со вода во секојдневни услови, додека 200% засилувањето на звук¹⁵ ја подобрува репродукцијата на медиуми и известувања дури и во бучни средини.
Redmi 15C достапен е во конфигурациите 4GB+128GB, 4GB+256GB и 8GB+256GB¹⁶, со почетна цена од 6,999 MKD. Цените може да варираат во зависност од регионот.
¹ Проверете ја кај локалниот продавач достапноста на адаптерот за напојување во пакувањето.
² Спецификациите на производот може да се разликуваат во зависност од регионот; видете го вистинскиот производ.
³ Достапноста на бои може да се разликува во зависност од пазарот.
⁴ Освежувањето на екранот може да се постави до 120Hz за поддржаните апликации.
⁵ Типична вредност на капацитетот на батеријата е 6000mAh.
⁶ Податоците се тестирани во интерните лаборатории на Xiaomi, вистинските резултати може да варираат.
⁷ Поддржува дo 10W жичано обратно полнење; компатибилно со уредите тестирани во интерните лаборатории на Xiaomi. Вистинските перформанси зависат од состојбата на батеријата и другите фактори. Бидете сигурни дека телефонот има доволно батерија и дека е компатибилен уредот кој се полни.
⁸ 16GB RAM со Memory Extension засновано на верзијата со 8GB RAM. Дополнителната RAM меморија зазема дел од ROM меморијата. Memory Extension е достапна само ако на уредот има доволно простор. Вистинската екстензија на RAM зависи од моделот.
⁹ microSD картичка за проширување на меморија се продава одделно; видете ја вистинската употреба.
¹º Достапноста на функциите, апликациите и сервисот на Xiaomi HyperOS 2 зависи од верзијата на софтверот и моделот на уредот.
¹¹ Достапно на одредени уреди; потребна е интернет конекција. Функционира со компатибилни апликации и површини; резултатите може да варираат.
¹² Мобилната апликација Gemini е достапна на одредени уреди, јазици и земји; бара компатибилни налози и интернет конекција. Достапноста на функциите зависи од јазикот. Gemini е заштитен знак на LLC.
¹³ Teлефоните и таблетите мора да се надградат на Xiaomi HyperOS 2, со активирани Bluetooth иWLAN, пријавени на истиот Xiaomi налог и овозможена опција „Settings → Xiaomi Interconnectivity”. Достапноста на функциите може да варира во зависност од софтверот, апликациите и моделот на уредот.
¹⁴ Уредот со IP64 сертификат е тестиран во лабораториски услови и докажано е отпорен на прскање со вода и прашина, во согласност со IP64 класификацијата за заштита од навлегување според стандардотIEC60529:1989+A1:1999+A2:2013.
¹⁵ Тестирано во интерните лаборатории на Xiaomi. 200% засилување на звукот се однесува на 16 нивоа на звуци во споредба со 15; вистинските ефекти може да варираат.
¹⁶ Достапните конфигурации може да се разликуваат во зависност од регионот. Корисниот простор и RAM се помали од вкупната меморија поради претходно инсталираниот OS и софтвер.
ПР објава