За доброто и лошото во животот сме виновни самите ние: Мудра приказна која добро ќе ве освести
Внимателно прочитајте ја оваа приказна...
Еднаш, еден незадоволен млад човек дошол кај старот учител и му рекол дека има многу проблеми во животот и го замолил за совет. Стариот учител му рекол да стави грст сол во чаша вода и да ја испие.
„Дали ти се допаѓа?“ - прашал учителот.
„Ужасно е“ - одговорил младиот човек.
Учителот се насмеал, а потоа му режал на младиот човек да земе уште една рака сол и да ја стави во езерото. Оделе во тишина до блиското езеро и ученикот фрлил една рака сол во езерото.
Учителот рекол: „Сега напиј се малку вода од езерото“, а потоа го прашал „Како ти се допаѓа?“
„Добро е.“ - рекол младиот човек.
„Дали има вкус на сол?“ - прашал учителот.
„Не“ - одговорил младиот човек.
Тогаш учителот седнал покрај младиот човек и му рекол:„ Болката во животот е оваа сол, ни повеќе, ни помалку. Количината на болка во животот останува иста, потполно иста. Но, чувството на болка што го доживуваме зависи од садот во кој го ставаме“.
„Сè е во тоа како гледаме на животот. Ако се фокусираме на негативните работи во животот, болката ќе стане уште поголема, ако се фокусираме на убавите работи, помалку ќе ја чувствуваме болката. Престани да бидете чаша. Стани езеро“.