За оваа жена граници не постојат: Илина Арсова освои нов врв - еве на кого му го посвети

Добивај вести на Viber

Македонската планинарка и алпинистка Илина Арсова, која последниве две гоидни живее во САД, каде што предава на Универзитетот во Тенеси, онака како што доликува го прослави меѓународниот ден на планината со искачување на нов врв.

„Мера Пик“ како што го нарече Илина во нејзиното видео токму од овој врв висок 6476 метри го посвети на нејзиното блиско семејство.

Врвот Мера е планина во делот Махалангур, под-делот Барун на Хималаите и административно во непалската зона Сагармата, Санхувасаба.

Во објавата што ја сподели на Инстаграм напиша:

„20 години пријателство со планината. Единственото место каде што чувствувам интензивна среќа само со тоа што сум јас … Далеку од сите стигми и општествени очекувања … Среќен меѓународен ден на планината!“, напиша Илина.

View this post on Instagram

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Иако не живее во Македонија, планината и адреналинското искачување не и недостасува, ги има доволно и таму за да биде целосно исполнета и среќна.

Фото: Инстаграм
РЖМ