„Заедно поминуваме помалку време отколку што би сакал, но среќен сум што сум татко“: Петар Грашо искрен

И Хана пораснала во семејство кое е под лупата на медиумите, а по природа е повлечена личност. Интересот на медиумите за нашата врска е сè уште огромен, но ние се трудиме колку што можеме да не се вклучиме во него и да живееме што подалеку од таблоидите - изјави Грашо.
Пејачот Петар Грашо (48) летово има многу напорен распоред и бројни концерти кои се појавија откако беа одложени поради корона вирусот, а неодамна ја доби и ќерката Алба со сопругата Хана Хуљиќ (31). Музичарот сега откри како се снашол во улогата на татко.
- Поминуваме помалку време заедно отколку што би сакал бидејќи оваа сезона е навистина преполна со концерти кои беа договорени минатата година и беа преместени за ова лето поради корона вирусот. Токму затоа ми се уште поскапоцени моментите со семејството. Среќен сум што сум благословен со улогата на родител - изјави Петар за Story и откри дека неговата сопруга не е навикната на медиумското внимание кое го добива во последно време.
И Хана пораснала во семејство кое е под лупата на медиумите, а по природа е повлечена личност. Интересот на медиумите за нашата врска е сè уште огромен, но ние се трудиме колку што можеме да не се вклучиме во него и да живееме што подалеку од таблоидите - изјави Грашо.
Петар во интервју за ИнМагазин откри како поминала првата средба со неговата ќерка и како без проблем патувал од Комижа до Сплит и назад во Дубровник.
- Не беше тешко, благодарност до сите луѓе за поддршката, пријателите и сите кои се радуваат за нас. Успеав да ја бакнам ќерка ми, свирев во Комижа и стигнав со такси во 4 часот наутро да ја видам - рекол Грашо и открил што ќе слуша Алба. - Ќе го слуша она што е најважно за секое дете, вклучувајќи го и моето дете, гласовите на оние луѓе кои ја сакаат - додаде музичарот.Инаку, Хана се породи со царски рез во доцните попладневни часови а малата беше тешка 3100 грама и долга 50 сантиметри и донесе голема среќа на семејството Грашо и Хуљиќ. Првата фотографија на Алба на Инстаграм ја објави кумот на Грашо, Дино Раѓа.