Жени пазете се од мажи кои отвораат врата од кола, брзаат со брак и ви се претставуваат како принц од соништата!

Маж кој ви отвора врата од кола, ветува заеднички живот иако штотуку го запознавте, ви се претставува како „спасител“, нуди решение на сите ваши проблеми? Звучи прекрасно, вашиот женски сон се остварува, конечно го сретнавте ТОЈ вистинскиот! Но, внимавајте, токму вакви постапки кај мажите откриваат дека може да се работи за потенцијален НАРЦИС.
Нарцсоидното пореметување на личноста има врска со начинот на кој поединецот ги перципира другите, својата позиција во светот и начинот на кој ги доживува работите. Иако врската со нарцисоидните личности често носи емоционално или финансиско насилство во најмала рака, нарцисоидните личности не се садисти.
Разликата помеѓу нарцисоидната личност и садистот е што садистот ужива во вашата болка, нарцисот не може да ја перципира. Тој не разбира дека ве повредува, затоа што е неспособен за емпатија.
Но иако нарцисоидните личности се емотивно празни, често когнитивно се постојано во режим на преживување, па интимните и блиските односи со блиските луѓе ги користат за да преживеат. Тие на своите партнери не гледаат како на човечки суштества, туку како на ресурси кои треба да им донесат углед, привид на семеен човек, партнерите за нив се трофеј кој го покажуваат во околината или уште полошо финансиски ресурс кој го црпат за остварување на своите цели.
Нарцисот може да биде и жена и маж. Но одредени образци за однесување се типични само за жените, односно мажите. Додека жена нарцис е таа која бара постојано „третман на прицеза“ и е во пасивна позиција, мажот нарцис на почетокот во фазата на „љубовно бомбардирање“ е активен, жив, постојано е тука и гради околу вас илузија дека токму тој е она што вам ви е потребно и може да ви ги замени сите луѓе од животот.
Првиот чекор е изолација. Нарцисот почнува на грб или фин начин да ве изолира од вашите пријатели, блиски луѓе и семејство. Постојано е со вас на сите средби, затоа што се плаши дека во негово отсуство може да ја сфатите замката или да заклучите дека токму без него/неа ви е многу подобро во животот.
Ја контролира вашата комуникација, вашите финансии, ве става во зависна положба од која со години подоцна се ослободувате.
Од нарцисот не е лесно да се ослободите, дури и раскинувањето и разводот не значи дека е дефинитивно крај. Тие ќе ве прогонуваат се додека не најдат нов ресурс кој ќе ве замени. Ќе ве остават скршени од болка, обесправени, без углед и достоинство и со нула на вашите банкарски сметки.
Кога ќе се дистанцирате од нарцисот сфаќате дека не е нарцисот тој што вам ви требал, туку вие нему. Години психотерапија се потребни да се опоравите од ова болка, а нарцисот никогаш не оди на психотерапија, зошто тој никогаш не презема одговорност, само ја префрла. Нарцисот смета дека е непогрешив. Најдоброто нешто што можете да го направите е да се го оставите да живее во сопствената илузија, да се тргнете од него и да не преземете апсолутно ништо. Особено не борба за докажување, бидејќи вашите постапки ќе ги искористи да го правда своето лудило.
Со нарцис не се расправа, од нарцис се бега!
М.С / Фото извор: EPA