Живее во 8 квадрати: Кога ќе ја отвори вратата од станот, многу луѓе остануваат без зборови

Добивај вести на Viber

Можеби живее во мал стан, но тој мал стан се наоѓа во срцето на Њујорк...

Добро познат факт е дека животот во Њујорк е многу скап. Не само што се изнајмуваат станови по безобразно високи цени, туку и самиот животен стандард е поскап отколку во другите градови, како што се храна и други потреби.

За да се справат со ова, многу жители на Њујорк се принудени да гледаат на работите поинаку. Тие смислуваат уникатни начини за да живеат во градот без да трошат толку многу.

Фелис Коен го најде најиновативниот начин  за да живее во Њујорк и сигурно досега не сте виделе сличен метод на нејзиниот.

Коен живее на Апер Вест сајт во Њујорк и е на само неколку чекори од најголемите атракции, како што се Централ Парк и Центарот Линколн. Од овој опис, можеби мислите дека плаќа многу висока кирија. Сепак, таа плаќа само 700 долари месечно за нејзината соба. Да, тоа е многу за нас, но за Њујорк - тоа е навистина ефтино!

Сепак, таа морала да се откаже од некои работи... Живее во стан од 8 квадратни метри. Веројатно не е поголем од собата на вашите деца, но некако Коен успева да го собере целиот свој живот во оваа супер мала соба.

Таа е професионален организатор, па ваквиот начин на живот и доаѓа како сосема нормална работа.