Зоран и Зорица Заеви прославија сребрена свадба: Од средношколска љубов, до 25 години заеднички живот

**Зоран и Зорица Заеви прославуваат сребрена свадба – 25 години љубов и верност**
Поранешниот премиер на Република Македонија, Зоран Заев, и неговата сопруга, дипломираната економистка Зорица Заева, по повод 25 години заеднички живот, ја прославија својата сребрена свадба. Парот, кој е пример за издржливост и љубов, го прослави овој голем јубилеј во кругот на своето семејство и пријатели, а нивната ќерка, Александра, сподели емотивна фотографија на социјалните мрежи.
На фотографијата, Зоран и Зорица се прегрнати, додека Заев држи пехар со натпис „25 години издржливост“, што е одраз на нивната стабилна и љубовна врска која опстојува со години.
Љубовната приказна на Зоран и Зорица започнала уште во нивните средношколски денови, кога и двајцата биле ученици во истото училиште. Иако разликата меѓу нив е само една година, нивните први симпатии започнале низ неформалните средби во училишните ходници и на вечерните генерациски излегувања. За нивниот почеток на врската, Зорица Заева пред неколку години открила дека Зоран првично ја привлекол со својот изглед, но потоа со својот карактер, кој се покажал како мирен и разбран.
„Зоран првично ме привлече со својот изглед, што за секоја тинејџерка во тие години е пресудно. Потоа ме освои со својот карактер. Важеше за мирно и разбрано момче, она што е и денес“, изјави Зорица.
Покрај тоа, таа откри и дека нивното познанство започнало многу порано, уште од детството, кога родителите на Зоран живееле во истото маало како нејзините. Тие првпат комуницирале за време на настава во природа, кога Зорица била во трето, а Зоран во четврто одделение. Сепак, тогаш тоа било само пријателство, а љубовта се родила многу подоцна.
Со текот на времето нивната врска се продлабочувала, а во последната година на студиите на Економскиот факултет во Скопје, започнале и да живеат заедно. Кога Зоран ѝ предложил брак, тој веќе работел во семејната фирма, во која Зорица се вработила исто така. Брзо по венчавката, нивниот живот се збогатил со раѓањето на ќерката Александра, а по некое време се родил и синот Душко, кој бил крстен по еден од чичковците на Зоран.
„Последниот ден од септември има посебно значење за нас двајца. Токму на тој ден ја крунисавме нашата шестгодишна врска со голема свадбена веселба“, сподели Заев, потсетувајќи се на моментите кои го означиле почетокот на нивниот заеднички живот.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Инстаграм