Зошто баш сега? По седум месеци, починатите нема да се погребуваат во лимен сандак

Добивај вести на Viber

Нема детали зошто Владата одлучи сега да дозволи починатите лица кои биле позитивни на коронавирусот да не се погребуваат по залиен лимен сандак? Зошто ова се случува седум месеци по појавата на епидемијата, имало ли прекршувања и зошто семејствата кои имаа смртни случаи се изложуваа на толкави трошоци за сандаците а сега препораките се менуваат? Портпаролите на Владата Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес конференција само изјавија дека протоколот е сменет по препорака на епидемиолозите и Комисијата за зарзани болести. 

На вчерашната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести, дека овластените оператори за погребални услуги се должни да го применуваат соодветниот наменски Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со мртво тело во контекст на КОВИД-19, во кој не е правно нормирано дека постапувањето со тело на умрено лице кое починало од заразната болест КОВИД-19, се врши во затворен и залемен метален сандак.

Целиот текст за заклучокот на Комисијата за заразни болести прочитајте го на Фактор.мк