Животна училница // Приказни
Андријана Јаневска: Стресот го лекувам со духовна музика
Јаневска предава на катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност[/caption]
- Како виолинист, свирам на редовниот репертоар на МОБ и денес почнуваме со проби за балетот „Дама со камелии“. Само што завршив и еден проект со М.М. Вили за чијашто песна напишав аранжман за гудачки квартет. Планирано е истата да се презентира со видеозапис во Виена. Пред неколку дена го завршив аранжманот за хор и оркестар за Тревор Денди од Торонто. Сè уште преговараме каде и како ќе се промовира. Снимив и соло виолина за песна на чилеанскиот музичар Родриго Гаљардо и наскоро ќе ја претставам во Македонија–открива таа.
Кога не компонира, Андријана се опушта со духовна музика. Ја доживува како возвишена уметност и цел живот е во допир со овој специфичен жанр. Уште од прво одделение била член на хорот „Пиколо“, како што вели, единствен детски колектив што ја негува духовната музика. До лани беше активна и во женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“.
[caption id="attachment_4912" align="aligncenter" width="460"]
Како продуцент во моментов го завршува божиќното цеде со детски песни кое ќе го промовира на 15 декември[/caption]
- Откако паметам за себе сум во допир со духовното. Станува збор за интерпретација која не може да се објасни со прости зборови. Ми се случило и да останам без глас, од возбуда да не можам да отпеам докрај. Тоа се силни емоции кои тешко се објаснуваат. Сме пееле и на погреби и на свадби. Духовната музика ми ја одмара душата, таа ми е лек од секојдневните стресови и притисоци. Секој си наоѓа вентил, а мојот одамна го пронајдов – објаснува Јаневска.
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов