Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) Како 12 годишно девојче стана милионерка: Од рецептот на баба и направи светски бизнис!
Иако убодите ја болеле, Микаила ја фатило жал за вредните инсекти, па одлучила да почне да прави лимонада со мед наместо со шеќер и вештачки засладувачи. Во разговор со мајката, сфатила дека тоа е здрав избор за луѓето, а воедно и пчелите ќе се сочуваат од изумирање.
Освен што е вредна, ова девојче има и добро срце. Таа донира еден дел од своите приходи од продажба на локалните организации кои се залагаат за чување на пчели.
„Минатата година, пчеларите изгубија дури 40 отсто од своите кошници. Пчелите изумираат. Ако исчезнат целосно, на луѓето ќе им останат само четири години живот“, предупредува Микаила.
Малата претприемничка денес патува и држи работилници на кои едуцира како луѓето да ги сочуваат пчелите.
„Импресионирана сум како таа успева да ги заврши школските обврски кога патува толку многу. Има дарба за јавен говор, но она што сум најмногу горда не е само што е паметна и зборлеста, туку што е и добра личност и што е љубезна кон луѓето. Тоа е поважно од бизнисот“, рекла гордата мајка Деандра.
Микаила моментално се занимава со пронаоѓање на нови вкусови на својата лимонада, како би ги унапредила своите производи и продажба, а во јуни патува во Африка каде што ќе ги едуцира децата на свои години за претприемништвото.
Минатата година го запознала екс претседателот Обама, кога била гостин во Белата куќа на традиционална детска вечера.
https://www.youtube.com/watch?v=Q1VVzmXrmwg