Животна училница // Приказни
Децата се хероите во 2017
Јован свирејќи на плоштадот успеа да собере 8.700 денари.
Учениците од основното училиште „Партениј Зографски“ неколку дена не јадеа за време на големиот одмор. Тие доброволно ги чуваа сите пари кои родителите им ги даваа за да си купат ужинка и ги собираа за да помогнат за лекувањето на нивното другарче Павел. Павел е едно од децата кое на Велигден настрада од струен удар при обид да се фотографира на воз во депото на Македонски железници.
Дечињата од О.У. Јохан Хајнрих - Песталоци се вклучија во проектот #ијассумдедомраз. Тие ќе донираат новогодишни подароци за дечињата кои живеат во сиромаштија.