Животна училница // Приказни
ЕКСКЛУЗИВНО: Лила проговори за смртта на татка си!
„Татко ми беше среќен кога обожавателите ќе ме застанат на улица да ме гушнат и да се сликаат. Единственото нешто за кое ми замери се моите два развода“, открива Лила[/caption]
- Беше среќен кога обожавателите ќе ме застанат на улица да ме гушнат и да се сликаат. Единственото нешто за кое ми замери се моите два развода. Немаше конзервативни сфаќања, туку едноставно сакаше да се заштитам себеси. Во секој случај беше моја голема поддршка. Тој беше онаа машка фигура која одигра важна улога во растењето на син ми Филип. Имаше огромно влијание во тој дел, за многу мои ситуации имаше разбирање и решение–открива водителката.
Заштитното лице на многу македонски брендови и домаќинка на телевизиското гејм-шоу „Сè или нешто“ токму пред смртта на татка си вистински почувствувала на своја кожа колку е сурова јавната професија.
- Речиси три месеци од болница одев директно на снимање. Останав насмеана пред камерите и во моментите кога знаев дека веќе ништо нема да биде исто во мојот живот. Пред натпреварувачите во студиото не покажував никаква емоција и секоја епизода од квизот ја одработив професионално до крај. Тоа не го умее секој – завршува Лила.
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов
Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин