Животна училница // Приказни
„Живот со стил“ вечерва на телевизија 24
Во интервју за Женски Магазин, Елена ни откри: „Мене луѓето ме запознаваат како Елена – Живот со стил и во рамките на новото шоу јас и понатаму ќе бидам истата Елена којашто ќе зборува за животот со стил, но во ново руво. Јас лично сметам дека е време за нови професионални предизвици во областа во којашто одлично „пливам“ со години. Концептот на шоуто е по пример на светските ток шоуа кои ги гледаме и кои доминираат со големите Тв куќи, а ние решивме таков квалитет и шоу да и овозможиме на македонската публика, а на гледачите им понудиме Тв шоу од светски калибар со многу гости, изненадувања и теми со кои ќе се трудиме да ја подигнеме свеста на граѓаните, а притоа го опфаќаат секојдневниот стил на живеење.