Животна училница // Приказни
ЗАПОМНИ: КОГА УМИРАМЕ, нема да понесеме ништо со себе ОСВЕН ДУШАТА!

Последното одело кое ќе го облечеме нема џебови, бидејќи не ни се потребни. Ништо не можеме да понесеме со себе освен својата душа.
Затоа е штета цел живот да го посветиме само на полнење џебови, а при тоа да ја запоставиме душата. Подобро собирајте прекрасни искуства, лекции и убави моменти отколку да купувате работи кои не ви требаат. Работите може некој да ви ги украде, уништи или да исчезнат, но убавите моменти со кои сте ја исполниле душата и лекциите кои сте ги научиле, никој не може да ви ги земе никогаш. Тоа е засекогаш ваше. Размислете денес со што можете да ја исполните својата душа. Прошетајте, поразговарајте со некој кој ви е важен, пуштете ја омилената музика и пејте.