Животна училница // Приказни
За прв пат во Македонија конференција „100 Жени Претприемачки“
На оваа конференција присуствуваат жени кои што се сопственички на свој бизнис и жени кои имаат неограничени претриемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор.
На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претпиемаштвото. Презентерите до сите учесници ќе дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.