Животна училница // Семеен Албум
Како да знаете кои пораки се важни за воспитување на децата!
Поголемиот дел од родителите го копираат воспитувањето од нивните родители или пак се однесуваат сосема спротвино на тоа како се однесувале родителите со нив. Добро е да размислите какви пораки ви пренеле вашите родители, како влијание имале на вашата личност и како влијаат на вас како родители.
Еве неколку прашања кои може да ви помогнат при воспитување на вашите деца:
- Кои вредности сакате да им ги пренесете?
- Какви сакате ставови да имаат за околината и луѓето?
- Кои вредности, ставови, верувања, не сакате да им ги презентирате на вашите деца?
- Кои активности и искуства сакате да им ги пренесете на вашите деца?
Целта е родителите да се договорат кои пораки ќе им бидат пренесени на децата. Секако, тие не можат секогаш да се согласат, но важно е да направат компромис и да избегнуваат кавги.
Најлошо сценарио е кога детето добива различни и конфликтни пораки од родителите. Во таков случај, не е важно чие мислење е правилно, туку да се однесуваат во интерес на детето.
Јасните пораки се најдобро “оружје“ за да децата пораснат во прекрасно образовани и сигурни личности.