Во чест на првиот модерен македонски поет Ацо Караманов, по 44 пат ќе се одржат „Караманови поетски средби“, коишто традиционално се случуваат во Радовиш–родниот град на Караманов.
Посебна атмосфера на свеченото отворање пред поетскиот митинг ќе се даде со настапот на светски познатиот македонски музички уметник Драган Даутовски со неговиот камерно-музички настап „Апокалиптикум# во чест на Ацо Караманов.
На Поетски мозаик со поетски карван на Друштвото на писателите на Македонија ќе настапат десетина еминентни македонски поети, како и десетина познати европски поети од Англија, Унгарија, Словенија, Србија, Бугарија и Турција.
На крајот од централната манифестација, Советот на „Караманови поетски средби“ ќе ја додели и традиционалната книжевна награда „Караманов“ за најдобра поетска книга за автори до 35 години, којашто годинава, во конкуренција на петнаесетина поети, ја доби поетесата Сања Атанасовска за поетскиот ракопис „Стаклена градина“.
Во прилог е песна од поетесата која ќе биде наградена:
Трајно те губамТрајно те губамзасекогашмеѓу два значајни празникакако што окото ја губи солзатакако што облакот растерува сноп светлинадодека ја прешкртувам својата изгубена младостдодека се губам во непотребни персирања.Трајно те губамзасекогашќе барам нови световиубави места и убави луѓе.Трајно те губамизгуби ме и ти мене на патот кон дома.