Животна училница // Приказни
Направи мало есенско ќоше
Теглите и шишињата може да ги испрскате со декоративен спреј. Можете да искористите боја по ваш избор, јас искористив златен декоративен спреј. Испрскајте ги со спрејот оние делови кои ви се видливи, но можете и целосно да ги обоите.
На врвот односно грлото на теглата или шишето можете да намотате коноп, а на крајот од истиот врзете панделка. Откако ќе го намотате конопот почнете со редење на ливчињата и на цветовите.
Можете да декорирате и со лента околу шишето или теглата.
На крајот наредете ги подготвените теглички и шишиња во вашето избрано ќоше. Ставете свеќички, бонбончиња или што и да посакате во тегличките. И сега уживајте во есента како надвор така и во домот.
За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер