Животна училница // Приказни
Приказната за најинтимната тетоважа на Мартин Мила
Публиката го препознава по специфичниот музички израз, но и по тетоважите кои за него се култура на живеење.
- Првата, келтска плетка на рамото, ја направив уште во седмо одделение. Денес ги имам десетина и секој цртеж на моето тело крие некаква животна филозофија и има свој белег. Сите тетоважи ми се драги, особено оние на вратот и градите посветени на ќерка ми. Бројот седум е збир кој го симболизира нејзиниот датум на раѓање, а нотите „ми“ и „ла“ се нејзиното име. Имам неколку убави слики како змејот кој ми е особено драг–открива тој.
Мила се прослави во шоуто за таленти на „М2 продукција“, а подоцна работеше и на неколку телевизиски проекти. Веќе подолго време има нова работна позиција, но музиката му остана примарна преокупација. Изминатиов период се радува на успесите на неговата ќерка Мила Србиновска која е европски шампион во хипхоп-танц.
[caption id="attachment_3651" align="aligncenter" width="720"]
- Мартин Мила првпат се тетовирал во седмо одделение, а тетоважите на вратот и на градите ѝ ги посвети на ќерка си која е европски шампион во хипхоп-танц[/caption]
- Таа е турбо-активна како нејзините родители кога беа деца. Не за џабе рекле дека генетиката е чудо. Талентирана е за многу работи. Сака да пее како тато, но поголем интерес покажува за танцот – вели пејачот.
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов
Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин