Култура // Концерти
РОМАНТИЧЕН КОНЦЕРТ НА ЏИПСИ КИНГС- Девојките заплакаа по кралевите
Чекањето вредеше. Шармот на Франција како земја од која доаѓаат, страста на шпанското фламенко со кое се светски познати веќе 41 година, и циганската тага во мелодијата на гитарата и во вокалот, се дел од убавините со кои не почестија Пако и Микаел со нивниот состав. Скопските дами се препознаа и со љубов заиграа на „Bem, Bem Maria“, некои дури и заплакаа на соло гитарските делници и на љубовните стихови. Целата публика полуде на" Djobi Djoba". За „Џипси кингс“ е плус што свиреа пред музикална публика. Нашиот народ кој е познат по чуството за ритам, плескајќи им помогна на кралевите песните да им звучат уште побогато. Убав свет дојде на најромантичната предновогодишна забава. Среќни и насмеани лица си заминаа од салата. Концертот го организираше „Авалон“ продукција, во рамките на фестивалот „ All You Neеd is Love“.
Публиката беше највесела на хитот Despasito.
За Женски Магазин, Милица Џаровска