Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Елена Крстевска-Fancy Marriage: Денот ми почнува со прeгратки
Мотивација ми е се што ме опкружува. Првенствено семејството, а во текот на денот и сите клиенти и пријатели со нивните желби и сугестии. Се трудиме во текот на годината да посетиме 2-3 саеми или семинари во нашата професија, а омилен ми е најголемиот светски саем на цвеќето во Холандија. Добар дел од Fancy инспирацијата ја црпам од тие настани.
Во сезоната на свадби, имам најголеми обврски како и планирање на денот околу нив. Најпрво правам план што сè треба да се организира за некој настан, па започнуваме со подготовки заедно со мојот сопруг и нашиот тим.
Еден дел од денот го посветувам и на бутикот за цвеќе Fancy Flower Boutique, со цел да внесеме нешто ново и креативно.
Кога е „потивок“ периодот, знам да се препуштам на денот и моменталното расположение, па да останам дома и по цел ден со фамилијата.
Денот го завршувам со моите сакани, цртаме, пишуваме, раскажуваме како сме поминале во училиште и градинка, а јас и тато со работа и состаноци. Многу често денот ми завршува со чаша добро црвено вино за подобар сон;)
Во последно време книгата ја менувам со читање приказни за добра ноќ, а гледањето филм со дружење со блиски пријатели или некоја театарска претстава.