Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Здравкица Милиќ: Првото кафе ми е ритуал за убав ден
Најголема мотивација ми е секако моето влозување и посветеност во растењето на Маша. Секој ден е сѐ поинтересен и повозбудлив со неа.
Бидејќи овој период не работам, секојдневно како и секоја жена ги исполнувам домашните обврски, а попладневните часови се резервирани за некоја прошетка.
Денот ми е навистина динамичен и максимално исполнет, па веќе во вечерните часови во домашна атмосфера фамилијарно гледаме некоја серија или филм.
Како и секоја мајка на мало дете, така и јас, сѐ помалку имам време за читање книги, шсто навистина ми е жал, но затоа компензирам со некој добар филм.