Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Кристина Антиќ-Георгиевски: Среќата самите си ја создаваме
Работниот ден како маркетинг менаџер на ИЕГЕ ми започнува со утринско планирање на дневните активности, состаноци и агенда за идните проекти и патувања. Овој период сум фокусирана на еден голем европски проект кој претставува специјализациј
Нема поубаво чувство кога тоа што го сакате го работите и го реализирате дел по дел. Понекогаш е тешко да се излезе од комфор зоната и да се ризикува во животот, но сметам дека навистина најголем ризик е ништо да не се ризикува. Среќата самите си ја создаваме, имаме само еден живот кој нема реприза и затоа треба да го направиме една незаборавна авантура.
И во купот работни обврски, секогаш се трудам да најдам време за повеќе спортување, нешто што ми ја дава потребната позитивна енергија и виталност, додека за викендите искачување на Водно е решение за сите проблеми•
Крајот на денот го завршувам во релаксирана домашна атмосфера, уживам во читање на модни портали и магазини, гледање на добар филм или серија. Најсреќна сум кога се гушкаме со мојот најсакан внук Лука.
*Кристина Антиќ–маркетинг менаџер во Институт ИЕГЕ и компанија ГИМ. Сопственик на Cherry Orchard Wedding&