Вообичаено работниот ден ми започнува со музика, по избор на мојот сопруг ранобудник и шолја нес кафе. Првата секојдневна обврска ми е прошетката со нашиот миленик,малтезеротБакс,која искрено и мене ми годи
Ме мотивира утринското сонце како најава за уште еден нов ден кој ќе донесе предизвици,понекогаш стрес и проблеми,но редовно и убави мигови со децата и пријателите,како и можности за остварување на идеите.
Во моментов,заедно со мојот партнер Алек Бимбилоски,сум ангажирана со финалната продукција на зимската и новогодишната колекција на нашиот бренд „Румор“, промотивната фотосесија и плановите за одбележување на едногодишното успешно постоење на македонскиот пазар.
Денот исполнет со набиена агенда завршува доцна попладне,со семеен ручек и опуштање во домашен лежерен амбиент,додека дојде времето за пилатес или вечерна прошетка по кејот на езерото.
Сакам да читам и книгата е секогаш мој избор во миговите за релаксација.Моментално ја читам „Духови над Балканом“ од Гордана Куич,откако претходно ја прочитав извонредната трилогија „Мирискише на Балкану“. Добар филм и серија одбирам на Нетфликс или се приклучувам на изборот што ќе го направи сопругот