Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Ненад Зивчевиќ: Ќерка ми ме буди со бакнежи
Ме мотивираат целите кои си ги поставувам самиот на себе. Секој човек мора да има некоја цел, која ќе го турка напред и ќе го натера да биде уште подобар.
Наутро секојдневно се истегнувам околу еден час. По појадокот одам во теретана или практикува индивидуален тренинг, а после тоа времето е резервирано за фамилијата. Во Катар сеуште е топло, па така на менито сигурна е прошетка во некој трговски центар или игротека, ручек, попладневна дремка, втор тренинг и дома на вечера
Додека сопругата приготвува некоја фина вечера, јас и ќерка ми имаме ритуал на гушкање пред да прејдеме на заспивање.
Сакам и книги и филмови. Читам многу и уживам во читањето. Во поглед на изборот на книга, тоа е некоја модерна психологија или која било книга од Јелена Бачиќ Алимпиќ, затоа што не е досаден писател. Од сериски филмови сум зависник. Big Bang theory е закон.
*Ненад Зивчевиќ, професионален кошаркар