Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Филарета Атанасова: Уживам во првото кафе
Планот за денот, ми зависи од периодот во годината, од случувањата околу нас, канцелариската работа некогаш е напорна и монотона, бара многу ред, работа и дисциплина. Сепак, наоѓам секогаш време по напорниот ден да прошетам. Обично покрај кеј и тоа попладне, да седнам со моите другарки, да отидам на кино, да изгледам задолжително некое филмче секоја вечер. Тоа ме носи во друг свет, покреативен секако, па така и се опуштам.
Денот обично го завршувам тивко со свесност да го одморам убаво телово и духот, со обични женски ритуали околу негата, а ако имам среќа вечерта, да има време човекот што го сакам, поминуваме време заедно. Ако е зафатен, а јас ја завршам вечерта сама, релаксирана сум и тивка исто како и рано наутро. Тие моменти ми се тивки и драгоцени и само тогаш ми треба и ја имам тишината.
Секако сакам и серии и филмови и книги, еве последната ја читам „Како ја изгуби невиноста,“ автобиографија на Рицар Бренсон и ми се допадна. Пред неа ја читав за Карла Дел Понте ...