22 годишната Матеа зборува 18 јазици и студира на три факултети

Добивај вести на Viber

Матеа Брандалик е 22-годишна девојка од Тузла која живее и студира во Виена, а посебна е по тоа што зборува дури 18 светски јазици. И го учи и деветнаесеттиот!

Посетува дури три факултети: Факултетот за политички науки, славистика каде учи руски, чешки и славистички јазик и ориенталистика каде учи турски, арапски и персиски јазици.

Не сум сигурна ни кога точно почнав да учам јазици. Како дете, гледав многу телевизија и апсорбирав толку многу работи, толку многу зборови. Би рекла дека можеби беше кога имав три или четири години, иако ни самата не бев свесна за тоа и не можам да го одредам точниот момент. Бев навистина многу млада - вели Матеа, која во раното детство истовремено учела англиски и шпански.

Англискиот и шпанскиот се првите јазици што свесно ги усвоив и научив во исто време. Шпански го научив преку телевизија, а покрај телевизија учев и англиски на курс во училиште за странски јазици. Имав само 6 години, но пред тоа веќе течно зборував англиски. Секогаш ми беше досадно во училиштата за странски јазици, издржав по правило два-три месеци, а потоа ги молев родителите да дозволат наставничката да ми држи приватни часови - се присетува оваа талентирана девојка

– Најтешкиот јазик што сум го научила е ирскиот. Сега го учам и ми е деветнаесетти јазик. Тоа е првиот келтски јазик на кој налетувам.

Многу луѓе мислат дека е слично на англискиот, но нема никаква врска еден со друг. Го учам неколку месеци, а најдов само два англиски збора. Едниот е „tea“, тоа е чајот. Го поврзав затоа што го видов глаголот „пијам“ во реченицата. Друг збор е „car“, тоа е автомобил. Тие два јазика немаат врска еден со друг - вели една млада Тузланка на која турскиот е втор најтежок јазик.

Босанскиот, хрватскиот и српскиот ги вбројувам како еден јазик. На германски го нарекуваат „bks“ - b како босански, k како хрватски (kroatisch) и s како српски. Кога луѓето ме прашуваат кој е мојот мајчин јазик, јас често велам „бкс“ - искрена е Матеа.Но дали мисли дека сите луѓе можат да научат толку јазици? А прашањето воопшто не и беше лесно.

Не сум сигурна. Мислам дека за некои работи сепак треба малку талент. Но, неоткриениот талент не значи ништо. Исто така, секој талент, ако нема желба и волја, е залуден. Би рекла дека се е можно во животот, ако навистина го сакаш и се трудиш да го оствариш. А ако сакаш да научиш 19 јазици, мислам дека пред се е важно да почнеш од мали нозе, да почнеш рано. Од мали нозе почнав да размислувам на повеќе јазици и да поврзувам зборови, пишува Magazin ES.