ПОЖАР ВО ТРУБАРЕВО - граѓаните револтирано споделуваат фотографии на социјалните мрежи

Добивај вести на Viber

Голем пожар изби попладнево во околината на Скопје. Темни облаци со чад се шират во околината на Аеродром и Гази Баба. 

Жителите на главниот град веднаш алармираа на социјалните мрежи, каде масовно објавуваат фотографии од темниот чад кој се шири.

Според информации од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов пожарот е во селото Труберево, каде гори објект на „Нула Отпад“. 

Граѓаните на интернет споделуваат и видеа од пожарот.