СЕ РАСПРАВА КАКО ЖЕНА, СЕ БРОИ КАКО МАЖ – Сите зборуваат за ова видео кое открива родови однесувања кај чет ботови

На социјалните мрежи кружи забавно видео на креатор на содржини кое предизвика бројни реакции и коментари. Во него инфлуенсерот тестира како реагираат чет ботовите кога ќе им се додели родова „улога“ – женска или машка.
Во првиот дел од видеото тој комуницира со чет бот поставен во „женски“ род. Откако му издава наредба, виртуелната асистентка веднаш влегува во расправија со него и се обидува да одбие да ја исполни задачата.
Сцената изгледа како реална дискусија меѓу двајца соговорници, а гледачите се изненадија од степенот на уверливост со кој чет ботот се бранеше и аргументираше зошто не сака да го направи тоа.
Потоа инфлуенсерот решава да направи експеримент со „машки“ чет бот. Откако го поставува истиот сценарио, му издава задача да брои до милион. За разлика од претходниот случај, машкиот модел веднаш ја прифаќа наредбата и започнува со броење, без расправии или дополнителни објаснувања.
Со оваа демонстрација, авторот на видеото сакаше да ја истакне својата теза дека во комуникацијата со вештачка интелигенција се пресликуваат родови аспекти од секојдневниот живот.
Според него, начинот на кој машините реагираат кога ќе им се „додели“ машка или женска улога, покажува дека културните перцепции за машко и женско однесување се рефлектираат и во моделите на вештачка интелигенција.
Видеото брзо собра илјадници прегледи и бројни коментари. Некои корисници го сфатија експериментот како духовита демонстрација на стереотипи, додека други отворија поширока дебата – дали технологијата несвесно ја репродуцира истата родова динамика која постои во општеството.
М.С.К / Фото: EPA