Одењето во Америка станува изгор скапо: За петпати зголемени трошоците за влез во земјата

Европјаните кои планираат патување во САД наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци, бидејќи од крајот на септември стапуваат на сила нови, поскапи такси за визи и дозволи за влез.
Најголемото зголемување е кај таксата за Електронскиот систем за овластување за патување (ESTA), кој го користат граѓани на повеќе од 40 земји вклучени во Програмата за безвизен режим. Наместо досегашните 21 долар, од 30 септември таксата ќе изнесува 40 долари.
Поскапувањето не застанува тука. Патниците кои влегуваат во САД по копнен пат ќе мора да издвојат 30 долари за формуларот I-94 за евиденција на влез и излез, што е петпати повеќе од сегашните 6 долари.
Дополнително, за некои категории патници ќе има и нови трошоци – на пример, за електронско ажурирање на визи.
Зголемувањето на цените доаѓа во период кога меѓународниот туризам во САД бележи пад. Според Светскиот совет за патувања и туризам, земјата до 2025 година ќе изгуби повеќе од 12 милијарди долари од потрошувачката на странските посетители.
Воедно, се подготвува и нова „такса за интегритет на визите“ од 250 долари, која ќе се применува за земјите надвор од Програмата за безвизен режим.
Извор: EUpravozato / EPA