5 хит фризури кои сами се обликуваат: Без мака – совршени за на плажа, но и за романтична вечера и фестивал

Летото е пред врата, температурите растат, а вие сакате да изгледате феноменално со што помалку време поминато пред огледало?
Ако е така, модерните фризури го освојуваат летото со својата едноставност, но и софистицираност – бидејќи кога сте на море, како и сите, сакате косата да изгледа природно, но и модерно.
Без разлика дали сте љубителка на кратка коса, долга до половината или сте вљубени во „мокриот изглед“, еве 5 фризури што ова лето ќе бидат вистински хит – на плажа, на вечерни излегувања под ѕвездите и сите летни авантури!
Природни кадрици – колку подиви, толку подобро
Оваа сезона, заборавете на пегли и фигаро. Оставете ги вашите кадрици да ја раскажат својата приказна – најприродно. Спрејови за текстура или лесни препарати за волумен ќе ви помогнат да ги дефинирате брановите, а ако сте доволно храбри – додајте и шишки! Тие даваат шик ефект, ретро вибрации и неодолива нота од шеесеттите. Дивo, автентично, слободно – токму како летото што го посакуваме.
XXL должини – за бохо кралици на плажа
Иако летно време често значи скратување на косата, долгата коса и понатаму доминира! Особено ако има „surfer“ бранови или е совршено права – т.н. „стаклена коса“. Шишките додаваат мистерија, а следниот чекор се плетенки. Не е за секого, но ако ја сакате драмата – ова е вашиот момент!
Curve Cut или 100 слоеви
Инспирирана од легендарната фризура на Џенифер Анистон од серијата „Пријатели“, Curve Cut е апсолутен фаворит на летото! Совршена за истакнување на цртите на лицето, особено за изразени јаболчници и вилица. Се шиша прецизно, прамен по прамен, со краеви виткани навнатре. Резултатот? Косата го гали лицето на најженствен начин и внесува нежност во секое движење на главата. Идеално за оние кои сакаат стил без премногу труд.
Брановиден „боб“
„Боб“ фризурата никогаш не излегува од мода, но ова лето се носи со доза лежерност. Заборавете на совршено испеглан и строг боб. Одлучете се за разиграни бранови, лесна асиметрија и должина веднаш под увото. Најдоброто? Оваа фризура не бара стилизирање! Само малку спреј со морска сол – и сте подготвени за излегување. Најдобриот боб е оној кој дозволува игра – со должина, текстура и став.
Изглед „штотуку излезена од вода“
Вечерно излегување на море? Нема потреба да ја сушите косата – ова лето, wet look е на сосема ново ниво. Ефектот на мокра коса е апсолутен хит на модните писти. Мократа коса е секси и практична! Може и да проверите која фризура најмногу одговара на формата на вашето лице.
Заборавете на комплицирани фризури кои бараат часови пред огледало. Одберете шишање што ќе ви овозможи да блеснете за неколку минути – без разлика дали сте на плажа, во ресторан под зајдисонце или на летен фестивал.
Unsplash.com / Mondo.rs