5 женски имиња за кои се верува дека нè штитат цел живот

Добивај вести на Viber

Родителите понекогаш на своите деца им даваат имиња што едноставно им се допаѓаат, а некои бират имиња со поголема симболика и веруваат дека значењето на името може да влијае на карактерот на лицето кое го носи.

Секое име има симболично значење, а многу имиња содржат и карактеристики што родителите сакаат нивните деца да ги поседуваат. На пример, Мила, Драга, Љубица.

Исто така, постојат имиња за кои се верува дека претставуваат некаков вид на енергетски штит и го штитат сопственикот од негативност во текот на целиот живот.

Еве ги имињата што ја имаат симболиката на заштита:

Александра
Грчко име што значи заштитник, чувар. Симболично, жената со ова име има внатрешна сила, таа е храбра, упорна и лесно наоѓа излез од тешки ситуации.
Александра - име што значи преземање ризици за постигнување на целите.

Викторија
Името Викторија буквално значи победник. Тоа симболизира личност која е подготвена да го даде последниот атом на силата за да ја постигне својата цел. Таа не дозволува ништо да ја попречува и храбро чекори по патот на самореализација. Таа е успешна, доследна на своите соништа и принципи и секогаш има почит кон себе.

Барбара
Името симболизира мирна и избалансирана личност која секогаш има доверба во себе. Тоа значи личност која лесно ризикува, донесува правилни одлуки брзо и одлучно и сака да ги држи сите нишки на животот во свои раце.
Големата енергија и овозможува да остане смирена во тешки ситуации и да бара решенија. Нејзина sвезда водилка е - мислете позитивно и ќе живеете позитивно.

Маргарита
Маргарита е име кое симболизира сигурна, љубезна и нежна жена. Таа е родена лидер, умерено строга и фер личност која има доволно разбирање.
Силата на името Маргарита е дека тоа значи личност која знае кога да се повлече, да се откаже и да провери нешто или да остане да се бори до крај. Се верува дека има високо развиена интуиција.

Олга
Ова име потекнува од Шведска, од името Хелга и има интересно и моќно значење. Олга симболизира личност која е родена да биде среќна и здрава. Се верува дека сопствениците на ова име имаат самодоверба, решени се и самоуверено се движат кон своите цели. Некои други значења за името Олга се „Таа што е мудра и просветлена“ и „жена која е полна со доблести“.

Извор: lovesensa/zenskikutak.rs