7 духовни закони: Следете ги и ќе имате мир и среќа

Добивај вести на Viber

Дали заморот и стресот се ваше секојдневие, или пак се почесто ги користете изразите - Ова веќе ми е премногу, уморен/на сум, не можам да се справам со ситуацијата, ова не е можно, сакам да се откажам... Тогаш време е да почнете да ги следите овие 7-те духовни закони и  вашиот живот ќе почне да се движи по нагорна линија.

Еве кои се тие:

Законот за сеење и жнеење

Ви се случило ли како дете дедо ти и баба ти да ти кажат да се однесуваш убаво, затоа што во спротивно што ќе посееш тоа и ќе жнееш? Сигурно не мислевте дека тоа е еден од 7-те духовни закони. Но, треба да запомните дека кармата секогаш се враќа двоструко.

Законот на создавањето

Внимавајте што мислите, бидејќи на вас е да привлечете добро или лошо.

Законот на смирението

Дали има работи што ве повредуваат затоа што не можете да ги промените? Можеби и не е погрешно да сфатите дека она лошо што ви се случива е одраз на вашите недостатоци. Во оваа ситуација, научете го законот на понизноста.

Законот на благодарноста

Дури и ако го немате она што го сакате, не правете трагедија и проблем каде што го нема. Бидете задоволни со она што сте го добиле и сакајте го животот што го живеете и ќе бидете наградени.

Законот на љубовта

Сакајте ги непријателите, сакајте се себеси, сакајте ги пријателите. Со други зборови, живејте во љубов и љубовта ќе ви се врати со ист интензитет.

Законот за простување

И не само што мора да ги сакате своите непријатели, туку треба и да им простите. Освен тоа, не треба да се оптоварувате со секакви грди спомени кои само ви ја уништуваат душата.

Законот на верата

Што и да мислите дека ќе се случи, ќе стане реалност. Вербата во успех ќе ви го отвори патот. Ништо не е невозможно, само потребен ви е мир во срцето и душата.

Фото:freepik