Нина Ангеловска ужива во семејна авантура во Кина: „Kids friendly“ рај со бели плажи и аквапаркови

Поранешната министерка за финансии и успешна претприемачка Нина Ангеловска овие денови заедно со сопругот Виктор и нивното синче уживаат во семејна авантура во Кина. Таа на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата од „Guangzhou getaway“, откривајќи како изгледа одморот исполнет со тропски амбиент и детска радост.
„Hot springs forest, river, waterparks and a man-made white sand beach > кога пребарувањето хотели со филтер kids friendly го презема кормилото“, напиша Нина покрај фотографиите.
Семејството позираше видно расположено покрај базените со палми, на бел песок и во аквапарковите, каде малечкиот имаше можност да ужива во специјално прилагодени содржини за деца. Од енергичните водопади до спокојните моменти на плажата, сликите од нивниот одмор пренесуваат вистинска семејна идилa.
Со ова, Ангеловска уште еднаш покажа дека балансирањето меѓу професионалниот живот и семејните авантури е можно, а патувањата со најблиските се најубавата инвестиција.
РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм официјален профил Нина Ангеловска