Животна училница // Приказни
Берлускони хоспитализиран поради акутна пневмонија: Ковид позитивни се неговиот син, ќерка и вереницата

„Силвио Берлускони, водач и сопственик на партијата Форца Италија, поранешен италијански премиер, синоќа беше примен во болницата во Сан Рафаеле во Милано, бидејќи неговата состојба, се влошила и вчера му беше дијагностицирана акутна пневмонија“ , изјави личниот лекар на Берлускони, Алберто Зангрило.
Берлускони дошол во болницата со автомобил, и одел без проблеми, пишува весникот „Ил Фато Ктидијано“.
Заразена е и неговата свршеница Марта Фашина, која остана дома во четиринаесетдневен карантин, а позитивни се и нејзината ќерка Барбара и синот Луиџи.
Во интервју за италијанска телевизија, Берлускони пред да биде хоспитализиран изјави дека никој не смее да биде обвинет „затоа што секој може да биде заразен“.