Брачна двојка ја трансформираше трошната куќичка во прекрасен дом од соништата: Сѐ направија со сопствени раце (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Селската куќа стара петстотини години била целосно трошна и несоодветна за живеење, но брачен пар со две мали ќерки прифатиле голем предизвик и го претвориле во дом од соништата. Целата работа ја завршиле сами, за време на двете бремености.

Сопружниците Стефани и Грејм Гоуланд од Нортамберленд, Англија, купиле куќа изградена во 16 век пред пет години, додека Стефани била бремена со нивната прва ќерка Оливија. Првичниот план бил да се поправи куќата за продажба, но откако поминале пет години на нејзино реновирање, тие се заљубиле во имотот и решиле да останат таму.

Куќата била целосно неуредна, валкана и истрошена, можеше да се види дека никој никогаш не вложил љубов во неа.
Било невозможно да се живее таму и имало бројни проблеми - како влажноста. 

- Мислам дека успеавме да ја купиме затоа што другите не ја сакаа поради обемот на работа потребна за реновирање. Но, го видовме потенцијалот на куќата со високи тавани, откриени греди и прицврстена штала, изјави Стефани Гоуланд за Џем прес.

Парот ја започнал трансформацијата на куќата со отворање на сите запечатени прозорци за да може куќата да дише цело лето додека тие ја започнувале работата, што исто така помогнало да се отстрани влагата и мувлата. Го извадиле целиот стар мебел од куќата и целосно ја испразниле, а потоа виделе дека во куќата има некои прекрасни работи, како стариот камен камин, кој го оставиле да стои.

Набргу откако го започнале нивниот проект „Направи сам“, Стефани забременила, што значело дека тие морале да ја реновираат куќата погодна за живеење што е можно поскоро. Оливија е родена во март 2017 година.

- Многу од нашите одлуки беа избрзани, а работата многу забави по раѓањето на нашата прва ќерка, а потоа набрзо дојде и втората ќерка Голди, изјави Стефани. 

Но, откако инвестираа пет години и 65.000 фунти (околу 4 и пол милиони денари), тие го создадоа својот дом од соништата со сопствените раце и се горди на тоа.

извор:zadovoljnja.dnevnik.hr
фото:Profimedia