Бриџит Макрон во опасно добри салонки: Го следеше слетувањето на роверот на НАСА на Марс

Многумина вчера со интерес го следеа слетувањето на роверот Персерванс на НАСА на Марс. По седум месеци патување и повеќе од 460 милиони милји, роверот слета на кратерот наречен Езеро и ги испрати првите фотографии од површината на Марс.
„Ровер“ сега има задача да пронајде потенцијални траги од животот на оваа планета. Францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Бриџит Макрон го следеа слетувањето во Националниот центар за вселенски студии во Париз (ЦНЕС).
Foto: Afp
Елегантна како и секогаш, Бриџит носеше пристојна и ненаметлива облека за да го следи тој историски момент.
Темносиниот фустан и палтото ги спои со омилените салонки. Станува збор за модел од црна кожа со метален детал на петицата потпишан од модната куќа Луј Витон, нејзината омилена модна марка.
Бриџит ги вади овие салонки од плакарот само за посебни прилики. Така, таа ги носеше за време посетата на САД и состанок со поранешната прва дама на САД Меланија Трамп, а исто така ги избра за средба со норвешката кралица.
Се чини дека тој модел и одговара најмногу затоа што го има и во кафена боја, а оваа варијанта од омилените салонки ја носеше за време на друга средба со Меланија Трамп на самитот на Г7.
Foto: Getty Images