Цеца покажа што вечера за време на пости: 100 грама чинат 40 евра, а доколку не внимавате, можат да бидат опасни по здравјето (ВИДЕО)

За време на паузата од настапи Цеца Ражнатовиќ искористила малку слободно време да се опушти покрај морето и да посети убав ресторан.
Пејачката Цеца Ражнатовиќ работи напорно цела година, па речиси и нема вистинско слободно време, драгоцени се тие паузи меѓу два концерта и ги користи најдобро што може.
Како што откри во една прилика, постот и е многу важен од религиозни причини, а корисните аспекти на постот за здравје и изгледот се само „странични придобивки“ за неа. Таа овој пат на својот Инстаграм профил покажа што вечера деновиве.
Имено, Цеца објави интересно видео во кое се шегува со пријателите и ужива во специјалитети од морска храна. Пејачката избра остриги, школки кои се познати како богатство на здравјето, но и како афродизијак.
„Што правиш Цецо“, се слуша на снимката, а пејачката со насмевка одговара: „Јадам остриги кои се афродизијак, така што не смееш да ги јадеш, само јас смеам да ги јадам“.
Инаку, порција остриги, во зависност од туристичкото место каде се наоѓате, чини најмалку 40 евра. Овој деликатес е многу здрав и диетален, во 100 грама остриги нема повеќе од 70 калории, но тие се сметаат како предјадење.Остригите се многу богати со минерали, особено со цинк, но не треба да се претерува бидејќи можат да ја нарушат рамнотежата во организмот. Исто така, важно е да се одгледувани во чиста вода за да нема пренос на вирусна инфекција, која може да биде фатална, а секоја острига мора да е жива во моментот на сервирање за да не е опасна по здравјето и мора да се служи прелиена со сок од лимон.
Извор: glossy.espresso.rs
Фото: Инстаграм